Свет
5. January 2020 - 10:22

Првиот баталјон на американската Национална гарда, што ќе биде распореден во Европа во мирно време, беше испратен со официјална церемонија

Првиот баталјон на американската Национална гарда, што ќе биде распореден во Европа во мирно време, беше испратен со официјална церемонија северно од градот Рино, во Невада, јавија американски медиуми.

Околу 70 војници од целата држава ќе бидат распоредени во Форт Худ, Тексас и каде ќе бидат најмалку еден месец на дополнителна обука пред да се распоредат за една година во Полска и други источноевропски земји, вклучително и Бугарија, Унгарија, Романија, Естонија, Литванија и Латвија како поддршка на операцијата „Атлантска решителност“.

Според американските власти, испраќањето на тие американски трупи во Европа било дел од напорите на САД и нивните сојузници на НАТО да обезбедат стабилност во Источна Европа по интервенцијата на Русија во Украина пред шест години. Ова е првпат Националните гарда на Невада да бидат распоредени во Европа за време на мир.