Македонија
11. December 2016 - 21:57

Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ е во водство

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати од денешните предвремени парламентарни избори.

Од досегашните 34,39% од процесираните избирачки места, ВМРО-ДПМНЕ е во водство со 113.872, поточно 41,27%. Партијата води и во изборната единица 4.

СДСМ засега има 100.176, oдносно 36,31% од досегашните гласови.

Трети се ДУИ со 18.581 гласа, односно 6,73%, а веднаш зад нив БЕСА со 10.691 и 7,13%.