Македонија
18. October 2021 - 12:35

Првични партиски реакции по вчерашните избори

И партиите од власта и партиите од опозицијата задоволно од изборните резултати во првиот круг од лаокалните избори. Со 20 градоначалници добиени уште на првото гласање, опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека победата е јасна, но, велат јасна е и пораката на граѓаните што ја испратиле до власта. Очекуваат победа и во вториот круг .

И властра е задоволна од резултатите со 9 сигурни градоначалници во првиот круг и како што велат предност во 30 општини.

Од ДУИ оценуваат дека кампањата била мирна и демократска. Интегративците се задоволни од резултатите и забележале пораст на гласовите споредбено со 2017.

 ДУИ „Сметаме дека зелената агенда, како ново поглавје со која ДУИ ја започна кампањата за локалните избори, беше многу добро прифатена од граѓаните и наиде на поддршка, како гаранција за подобар живот и посигурна иднина. ДУИ, на овие локални избори во првиот круг победи во три (3) општини, додека води речиси во сите други општини пред вториот круг од изборите. “, е првичната реакција од партијата на Ахмети.