Први ужасни снимки по разорниот земјотрес во Мексико Сити: Луѓето врескаат и плачат, зградите се рушат
Земјотрес со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централниот дел на Мексико, соопшти Американскиот геофиизчки институт.
Мексиканската сеизмолошка агенција претходно информира дека потресот бил со јачина од 6,8 степени според Рихтер, додека некои американски медиуми јавија за интензитет од 7,4 степени.
Земјотресот бил на длабочина од 51 километар под површната на земјата, со епицентар во источниот дел на сојузната држава Пуебла, на осум километри јужно од градот Антенсинго и на околу 65 километри југоисточно од мексиканскиот главен град Мексико Сити.
Првиот човек на Мексиканската агенција за цивилна заштита, Луис Фелипе Пиенте соопшти дека засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети.
Мексиканските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во Мексико Сити, каде голем број жители во паника ги напуштале своите домови и работни простории.
Земјотреот се случи само неколку часа по завршувањето на комеморацијата во сеќавање на над петте илјади жртви од земјотресот со интензитет од 8,0 според Рихтер, што го погоди Мексико Сити во 1985 година.
Ова е втор силен земјотрес во Мексико овој месец, по оној од 7 септември со интензитет од 8,1 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Чијапас, При потресот загинаа 98 лица, а над 300 беа повредени.
Ново на Сител
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Трет ден потрага по Данка, родителите повторно во станица
-
Предизборно финале – партиите ги финализираат листите
-
Стариот парламент ќе инаугурира нов шеф на државата - конститутивна седница за новите пратеници на 28 мај