Свет
16. February 2019 - 14:01

Први тужби од фармери против Трамп заради ѕидот кон Мексико

Тројца фармери од државата Тексас и една организација за заштита на природата поднесоа први тужби против  одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да објави вонредна состојба со цел да добие пристап до милијарди долари за изградба на заштитен ѕид на гранциата со Мексико.

Тужбите се поднесени во федералниот суд во округот Колумбија каде е главниот град Вашингтон. Во тужбите се нагласува дека фармерите од јужниот дел од државата Тексас биле известени од владата на САД дека тоа значи  изградба на пограничен ѕид во нивни имоти ако парите за тој проект бидат достапни во 2019 година.