Први случаи на заразени со мајмунски сипаници во Бугарија
Во Бугарија се потврдени два случаи на мајмунски сипаници, соопшти бугарското Министерството за здравство. Пациентите се мажи на возраст од 41 и 44 години. Двајцата се хоспитализирани и се во добра општа состојба.
Според првичните податоци, и двете лица пријавиле патување во странство во претходните две недели - во Шпанија и Велика Британија.
Мајмунската сипаница се смета за поблага болест од сипаницата, која беше искоренета во 1980 година. Патогенот се пренесува од човек на човек преку близок физички контакт.
Мајмунската сипаница не се шири лесно меѓу луѓето, соопшти Здравствената агенција на ЕУ кон крајот на мај.
Кон крајот на мај, СЗО предупреди дека и покрај ниската инфективност, почетокот на летната сезона и големите собири на луѓе за време на празници, забави и фестивали, ширењето може да се зголеми.
Некои европски влади веќе почнаа да складираат вакцини против сипаници.
Ново на Сител
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент