Кошарка
19. April 2018 - 14:08

Први победи на Кливленд и Јута

 
 
Во првата рунда од НБА плејофот синоќа се одиграа три меча, по кои Кливленд и Јута израмнија на 1-1 во победи во дуелите со Индијана и Оклахома. 
 
Леброн Џејмс со дабл-дабл учинок од 46 поени и 12 скока го предводеше Кливленд во победата со 100-97 над „Пејсерси“ со која актуелниот вицепрвак се реваншира за поразот во првиот меч. 
 
И Јута стигна до првата победа против Оклахома која ноќеска ја совлада со 102-95. 
 
Дебитантот на „џезерите“ Донован Мичел постигна 28 поени, а со вкупно 55 постигнати поени во првите два натпревари од плејофот го надмина рекордот на Мајкл Џордан поставен пред 33 години. 
 
Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Хјустон ја оствари и втората победа совладувајќи ја синоќа Минесота со 102-92.