Loading Video...
Фудбал
29. April 2021 - 15:47

Први дуели од полуфиналето во Лига Европа

Како и во Лигата на шампионите, така и во второто по квалитет европско клупско натпреварување Лигата на Европа, Англија меѓу четирите преостанати екипи има два свои претставници.
 
Вечерва во ова натпреварување ќе се играат првите полуфинални натпревари. 
 
Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ ќе ја пречека екипата на Рома, додека вториот англиски претставник Арсенал гостува кај шпанскиот тим Вилјареал. 
 
Двата натпревари започнуваат во терминот од 21 часот, додека реван дуелите на програмата се следниот четврток (6 мај).