Фудбал
11. April 2017 - 12:01

Први четвртфинални натпревари во фудбалската Лига на шампиони

 
 Со двата вечерашни натпревари во Торино и во Дортмунд продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампионите на УЕФА.
 
Италијанскиот шампион Јувентус го пречекува шпанскиот првак Барселона, додека во Дортнуд, Борусија е домаќин на Монако.
 
Дуелот во Торино се очекува да биде најнеизвесен во четвртфиналето и според имињата на учесниците е дерби во оваа фаза. Јувентус на средбата влегува по одличните игри во домашното првенство и купот, додека Барселона во националното првенство игра променливо, а за тоа потврда е саботниот пораз од Малага.
 
Фаворит на средбата во Дортмунд е Борусија и тоа најмногу поради домашниот терен, но за вкупниот победник фудбалските аналитичари на двете екипи им даваат еднакви шанси. Монако е лидер во француската Лига 1, додека Борусија е на 4.место во Бундеслигата.
 
Натпреварите, Јувентус – Барселона и Дортмунд – Монако започнуваат од 20:45 часот.
 
Другите два први четвртфинални дуела се играат утре. Двојките се: Атлетико Мадрид – Лестер и Реал Мадрид – Баерн Минхен.