Македонија
1. April 2021 - 16:35

Први април во време на пандемија

Втора година по ред денот на шегата е во сенка на пандемијата. Го немаше вообичаено шаренилото од маски низ скопските улици, а малкумина беа оние кои низ градот прошетаа со нив.

Речиси празни останаа и училишните дворови со оглед на тоа дека мал број ученици имаат настава со физичко присуство.

Пандемискиот маскенбал најверојатно со исто темпо ќе се одвива и во текот на денот.

Иако вечерва младите нема да можат да ги покажат креативните маски низ улиците. Да се надеваме дека следната година ќе биде поинаку и овој први први април ќе биде последен од низата кој го одбележувавме во услови на пандемија.