-->
-->
Првата стартна линија во Силверстоун за Хамилтон и Розберг
-->
Актуелниот светски првак во формила 1, Британецот Луис Хамилтон од екипата на „Мерцедес“ ќе стартува од првата позиција во неделната трка за Големата награда на Велика Британија, која ќе се вози на патеката Силверстон.
Хамилтон до својата 55-та „пол позиција“ во кариерата стигна со одлично извозениот последен круг во квалификациите во квалификациите со кој го престигна својот клупски колега од „Мерцедес“ и водечкиот во генералниот пласман од Светското првенство во Формула 1, Германецот Нико Розберг, кој ќе стартува втор.
Од вториот стартен ред трката ќе ја започна двајцата пилоти на „Ред Бул“, Холанѓанецот Макс Верспапен и Австралиецот Даниел Рикардо.
Финецот Кими Раиконене од „Ферари“ е петти, а на шестата позиција се пласираше неговиот сонародник Валтери Борас кој вози за тимот на „Вилијамс-Мерцедес“. Следната стартна двојка ја сочинуваат Германецот Нико Хуелкенберг во „Форс Индија-Мерцедес“ и Шпанецот Карлос Сајнц Џуниор од „Торо Росо-Ферари“, а првата „десетка“ на стартот ја заокружуваат сито така шпанскиот возач Фернандо Алонсо од „Мекларен“ и Мексиканецот Серхио Перез од „Форс Индија-Мерцедес“.
Трката за Големата награда на Велика Британија ќе започне во 14 часот во недела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Здравев: Забелешки на Венецијанската комисија се коректни - Заев: Препораките доставени до работните групи
-
Јанушев: ЈО да отвори истрага за случајот со формирање хеликоптерски итен медицински систем
-
Производителите на медицински канабис бараат носење Закон по скратена постапка
-
Грант од 6 милиони евра од ФИТР за сите микро, мали и средни фирми
-
Милијарда евра од европските фондови на располагање на македонските мали и средни фирми
-
Отворена фабриката „Подгорка“ во Струга - изградена со помош на европски финансиски средства
-
Ангеловска: Мој ДДВ моја награда стартува за два дена, за граѓаните трикратна корист
-
Град Скопје ќе ја проширува Пластичарската улица