Првата пратка на американска воена опрема пристигна во Украина
– Првата пратка од пакетот безбедносна поддршка од 200 милиони американски долари за Украина пристигна во Киев, соопшти денеска американската Амбасада.
Испораката дојде по посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Киев оваа недела поради загриженоста на Киев и неговите западни сојузници за десетиците илјади руски војници на границата со Украина. Русија негира дека планира нова воена офанзива. Пакетот помош од 200 милиони американски долари беше одобрен од Вашингтон во декември. „САД ќе продолжат да обезбедуваат таква помош за поддршка на украинските вооружени сили во нивните тековни напори за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од руската агресија“. Украинскиот министер за одбрана им се заблагодари на САД за помошта.
Ново на Сител
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто