Македонија
2. April 2019 - 8:36

Првата механизирана пешадиска бригада ќе го одбележи денот на единицата

Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска со воена свеченост ќе биде одбележан денот на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр).

Денот ќе се одбележи со повеќе активности меѓу кои прогласување на најдобра единица од составот на бригадата, доделување на стимулативни мерки и награди, свечено дефиле на единиците, културно забавна точка и тактичко технички збор на кој посетителите ќе имаат можност да видат дел од орудијата, оружјето и опремата со кои располага бригадата.

Првата механизирана пешадиска бригада која е најголема единица во армијата е препознатлива по учество во мировните мисии во Авганистан и Ирак, реализираните вежбовни активности и високите резултати од оценувањата на своите декларирани состави.

Втори април е одреден за Ден на 1.мпбр, како датум на кој овааа единица е трансформирана согласно последната организациско-формациска армиска структура и превземање на задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица со застапеност од повеќе армиски родови.