Живот
1. May 2018 - 12:45

Првата љубов ја сретнала повторно после 12 години: Мислела дека почнува нејзината бајка, потоа тој се променил целосно

Кога Ребека Стилман од Дарлингтон во Велика Британија го запознала Џон прв пат, имале само 14 години и набрзо се заљубиле.

- Не помина предолго за Џон да стане дел од моето семејство, а ја бев маѓепсана од него. Бевме најдобри пријатели, раскажува таа за Сан.

Нивната врска се прекинала кога со 17 години Ребека со отселила со своето семејство, а набрзо го изгубиле секој контакт.

Дванаесет години подоцна случајно го сретнала во локален паб.

- Дванаесет години подоцна го видов како стои на шанкот. Не можев да поверувам и веднаш побрзав да го поздравам, раскажува Ребека за нивната нова средба.

На крајот излегло дека Џон се доселил во нејзиниот град и наскоро почнале редовно да се допишуваат преку Фејсбук.

- Пред да успеам да се снајдам бевме повторно заедно и ми се чинеше дека моите соништа се остваруваат. Беше совршен, се однесуваше кон мене како да сум принцеза. Толку многу пропуштивме додека бевме разделени и мислев дека веќе никогаш нема да го пуштам. Кога ме запроси скокав од среќа, раскажува таа.

Кога во 2011 се венчале мислела дека животот и се претворил во бајка, а тоа се променило после само неколку дена.

- Како да стана друга личност. Го нервираше секоја ситница, веќе на медениот месец беше прилично напнат, но тоа го препишав на стресот и уморот после венчавката, вели Ребека.

Не многу долго после тоа неговите напади на бес станувале се полоши, а во една караница ја фатил за врат и почнал да ја дави.

- Побегнав кај брат ми, но тој веќе другиот ден се појави извинувајќи се непрестајно. Се работеше за некоја глупа караница, па попуштив. Се уште не можев да се откажам од совршениот маж кого го најдов повторно после 12 години, раскажува таа.

Го напуштила дури во 2013 година кога тој и удрил шамар во лице, а помеѓу нив морала да интервенира и полицијата. Тој тогаш бил осуден на шест месеци условна казна.

- Казната не беше тешка, но мене ми беше важно да се тргнам од него. Пронајдов нов стан и го оставив без предупредување. Не сакав да му дадам шанса да ме застане. Кога повторно ја сретнав својата школска љубов мислев дека го пронајдов прицнот, но сега знам дека тој бил чудовиште, заклучува Ребека.