Бизнис
2. January 2019 - 19:40

Првата фронтовска линија од Првата светска војна ќе стане туристичка атракција

Дојран може да биде атрактивен за туристите и надвор од летната сезона. Фронтовата линија од првата светска војна  е само една од содржините која се подготвува да биде ставена во туристичката понуда.  Линијата долга околу 10 километри има за цел да понуди содржини во делот на историскиот туризам, а  ќе се обновува со поддршка на британската , француската и бугарската амбасада. Во текот на овој месец е најавено и формирање на  работна група која ќе работи на реализацијата на проектот кој предвидува расчистување на теренот, обнова на неколку бункери, подготовка на приказната и набавка на теренски возила за туристите.

,, Паралелно ќе се работи и на пристапниот пат и на формирањето на приказната и активирањето на одредени бункери, односно пристапот до нив како и начинот на кој ќе се транспортираат туристите до тие историски локалитети.,, вели АНГО АНГОВ – ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДОЈРАН

Преку проектот ,,Дојран туристички бисер на Југоисточна Македонија,,   кој се финансира преку ИПА 2 програмата веќе се обезбедени средства и за изградба на пат кој води до самата фронтова линија. Паралелно со тоа се работи и на  дополнителни содржини кои се дел од културното наследство како што е обновата на саат кулата која се реализира во рамки на пограничната соработка со Бугарија.