Свет
19. September 2017 - 20:34

Прва жртва на ураганот Марија на Гвадалупе

Најмалку едно лице загина во налет на ураганот Марија на францускиот остров Гвадалупе.

Тоа е првата потврдена жртва на ураганот Марија, кој го погоди источниот дел на Кариби. Несреќата се случила кога врз жртвата паднало дрво. 

Пријавено е исчезнување на две лица откако нивниот брод потонал во близина на Ла Дезират, што е под управа на Гвадалупе.

Се очекува Марија да биде најсилен ураган, кој ќе го погоди Порторико во последните 85 години. 

Ураганот Марија синоќа го опустоши островот Доминиканска Република.

Премиерот на Доминиканска Република, Рузвелт Скерит побара помош од меѓународната заедница.