Свет
1. May 2016 - 9:49

Прва жена на чело на американската воена академија Вест Поинт

Американскиот претседател Барак Обама именуваше жена за декан на американската воена академија Вест Поинт, што е првпат во долгата 216-годишна историја на оваа институција.

Функцијата ќе ја извршува Синди Џеб, која, исто така, дипломирала на Вест Поинт. Нејзината номинација треба уште да ја потврди и американскиот Сенат.

Џеб моментно ја води катедрата за општествени науки на воената академија.

- Ова е историски момент за нашата војска и јас сум возбуден што Вест Поинт ќе ја има првата жена на оваа позиција, истакна високиот воен претставник Патрик Марфи.

Во јануари уште една жена, Дајана Холанд, стана прва жена командант на кадетите на Вест Поинт.

Жените се повеќе имаат важна улога во американската армија и сочинуваат околу 15 отсто од персоналот.