Македонија
29. March 2019 - 16:21

Прва заедничка вежба на специјалните полициски сили на Македонија, Албанија и Косово

Спремноста на специјалните полициски сили од Македонија, Албанија и од Косово презентирана на првата трилатерална вежба “Вестерн Балкан флеш”.

Заедничката тактичко показна вежба во касарната Ѓорче Петров вклучуваше тактички гаѓања, хеликоптерско спуштање со упад во објект и апсење на опасни лица во возило.

Заедничката вежба е доказ дека земјите од регионот умеат да испратат порака за успешна соработка, која е клучна за безбедноста во регионот, согласни министрите од трите земји.

Според првиот човек на македонската полиција, оваа иницијатива покажува дека земјите од регионот можат заедно да развиваат мрежа на соработка и да надградуваат знаења и искуства, со цел полесно справување со најголемите предизвици од областа на безбедноста.