Свет
12. April 2016 - 20:20

Прва средба НАТО-Русија по две години

Официјални претставници на НАТО соопштија дека првата средба меѓу Советот на Алијансата и Русија, по речиси две години, ќе се одржи следната недела во седиштето на НАТО.

Заменик портпаролот на НАТО, Кармен Ромеро изјави дека на состанокот на 20 април ќе се разговара за украинската криза, воените активности на Алијансата и Русија, безбедносната ситуација во Авганистан и регионалните терористички закани.

Иако западните земји и Русија имаат различни ставови за Украина, оваа средба укажува на подготвеност да се подобрат дипломатските односи што може да помогне при спречување на евентуални судири во регионот.