Свет
2. November 2017 - 17:49

Прва средба на Су Ќи со Рохинџите

Претседателката на Мјанмар, Аунг Сан Су Ќи првпат пристигна во посета на сојузната држава Ракајн, каде што се сретна со Рохинџите.

Локалните медиуми објавија фотографии, кои покажуваат како Су Ќи разговара со жителите во една од најпогодените од насилство области.

- Таа посети едно од стотиците села, каде што беа запалени куќите и вети дека сето тоа ќе биде обновено, изјави рече локален жител.

Су Ќи остро е критикувана од страна на меѓународната заедница поради тоа што не ја осуди армијата, која принуди половина милион Рохинџи да ги напуштат своите домови и извршила, како што се тврди,  масовни силувања, подметнување пожари и атентати од почетокот на август.

Портпаролот на Владата рече дека посетата на Су Ќи ќе трае еден ден.
 
Жителите на селата во Ракајн наведиа дека се соочуваат со недостиг на храна и оти не им е дозволено да купуваат храна од локалните пазари. Мјанмар не дозволува агенциите на ОН да работат во оваа област, а Црвениот крст има ограничен пристап.

Се проценува дека над 600.000 Рохинџи во моментот живеат во мизерни услови во камповите за бегалци во Бангладеш.

Според добротворната организација „Спасете ги децата“, една четвртина од децата страдаат од акутна неухранетост.