Македонија
3. March 2018 - 16:59

Прва средба Мицкоски - Ахмети

Ахмети ги чувствува промените во политиката на ВМРО-ДПМНЕ со доаѓањето на новото раководство. Двата часа со опозицискиот лидер во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, шефот на ДУИ ги оцени како конструктивна и добра средба за македонските евроатлански аспирации.

Ахмети не криеше дека на средбата со Мицкоски ги размениле и ставовите околу законот за јазиците откривајќи дека и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ остануваат на своите познати позиции. Лидерот на ДУИ рече дека од Мицкоски добил уверување дека ВМРО-ДПМНЕ ќе им даде поддршка на реформите.

Првиот човек во опозицијата потврди дека неговата партија нема намера да биде кочница на рефромскиот процес, потенцирајќи дека обврска на власта е да создаде демократски услови во Собранието

Првата средба на двајцата лидери доаѓа во време на заладени односи меѓу партиите кои поминаа десетина години во заедничка коалиција и на само две недели пред најавената лидерска средба во рамките на процесот Жан Моне.