Македонија
20. July 2016 - 16:37

Прва сложена васкуларна интервенција на државната кардиохирургија

Сложена васкуларна интервенција за прв пат во јавното здравство направена на Клиниката за државна кардиохирургија. Успешно е опериран 38 годишен пациент кој имал проширување на аортата во пределот на градниот кош.

- За време на операцијата беше користена машина за екстракорпорална циркулација која е неопходна за намалување на невролошките компликации кај ваквите пациенти, посочи Лазовски и додаде дека операцијата е само чекор поблиску до работење на најсложените васкуларни процедури, изјави д-р Никола Лазовски од Државната кардиохирургија.

Од државната кардиохирургија велат дека во последно време ставаат поголем акцент на сложените васкуларни интервенции, а операциите ги врши комплетно македонски тим медицински лица.

-Ние сме отворени за граѓаните, можете да влезете во операциона сала и да видите дека македонски тим лекари самостојно ги врши интервенциите, изјави проф.д-р Сашко Јовев, Државна кардиохирургија.

- Државната кардиохирургија, нагласи, е препознаена како една од најквалитетните здравствени установи во државата, со одличен потенцијал и за натамошен развој, со еден многу хомоген тим кој постојано се развива, воведува нови методи и се грижи за подигнување на квалитетот на здравствените услуги кои се даваат на таа клиника, изјави Никола Тодоров, министер за здравство.

Од основањето на Државната кардиохирургија до денеска оперирани се 340 пациенти, а 80 проценти  од интервенциите се изведени во новите простории на клиниката.