Македонија
5. јуни 2017 - 20:39

Прва седница на новата Влада на премиерот Зоран Заев

Претседателот на Владата Зоран Заев, определи петмина свои заменици. Ова е првата одлука донесена на седницата на новиот владин тим. Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Бујар Османи, Кочо Анѓушев и Хазби Лика ќе ја извршуваат функцијата заменик Претседател на Владата. На денешната прва седница, задолженија добија и 7-мина министри без ресор.

Роберт Поповски е задолжен за комуникации, Едмонд Адеми превзема обврска за дијаспората, Самка Ибраимовски ќе ја следи стратегијата за подобрување на состојбата на ромите, а Зоран Шапуриќ ќе работи на подобрување на инвестициската клима за домашните претприа. Тројца министри пак ќе работата на привлекувањето странски инвестиции – оваа задача ја добија Аднан Ќахил, Зорица Апостоловска и Рамиз Мерко.

Инаку Премиерот Заев пред почетокот на првата владина седница најави дека сите 25-мина министри ќе добијат насоки за работа согласно програмските определби.

На денешната седница се избра и генерален секретар на Владата. Оваа функција ќе ја извршува Драги Рашковски.

По одржаната прва владина седница формирани се и комисиите за економски и политички систем, како и комисијата за човечки ресурси. Од владината прес служба информираат дека на седницата е формиран и Управувачкиот комитет кој го води системот за управување со кризи.