Македонија
24. November 2015 - 8:58

Прва седница на Анкетната комисија за прислушувањето

Во Собранието на Република Македонија за денеска е најавена прва седница на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, на која треба да биде усвоен комисискиот деловник.

Најавени се и седници на комисиите за европски прашања и за финансирање и буџет, кои треба да расправаат за Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2015 година.

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е и Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина, во второ читање.