Loading Video...
Кошарка
17. November 2021 - 9:48

Прва победа на Жалгирис во Евролигата

 
 
 
Кошаркарите на Жалгирис конечно се израдуваа на победа во Евролигата. Дури во десетиот натпревар литванскиот првак стигна до првата победа откако пред својата публика во Каунас го совлада Панатинаикос со 76-69. 
 
Затоа пак Реал Мадрид го оствари и осмиот триумф. „Кралевите“ на гостувањето во Франција кај Лион Вилербан славеа со 87-74. 
 
Предноста на домашниот терен ја искористија Басконија во дуелот со Црвена Звезда како и Баерн кој во Минхен го надигра Фенербахче нанесувајќи му го седмиот пораз на турнкиот тим сезонава. 
 
Денеска на програмата се преостанатите пет средби од 10.коло, а дебрито ќе се игра во Барселона, во терминот од 21 часот, каде гостува московска ЦСКА.
 
ЕВРОЛИГА  10 КОЛО
 
СРЕДА
19:00 ЖАЛГИРИС - ПАНАТИНАИКОС 76 – 69 
20:00 ЛИОН ВИЛЕРБАН - РЕАЛ МАДРИД 74 – 87 
20:30 БАСКОНИЈА - ЦРВЕНА ЗВЕЗДА 93 – 74 
20:30 БАЕРН МИНХЕН - ФЕНЕРБАХЧЕ 71 – 63 
 
ЧЕТВРТОК
ЗЕНИТ ПЕТЕРБУРГ - АЛБА БЕРЛИН 
УНИКС КАЗАН - О. МИЛАНО 
АНАДОЛУ ЕФЕС - ОЛИМПИЈАКОС 
МАКАБИ ТА - МОНАКО 
БАРСЕЛОНА - ЦСКА МОСКВА