Loading Video...
Спорт плус
27. January 2018 - 18:36

Прва победа на Теса Ворли по една година

Французинката, Тереса Ворли по едногодишна пауза  конечно славеше триумф на трка во Светскиот куп, откако денеска беше најдобра на супер-велеслаломот во Линзерхајде, Швајцарија. 
 
Ворли за само 7.стотинки побрза од Германката, Викторија Ребенсбург. 
 
Со тоа Французинката ја оствари дванаесетта победа во кариерата во Светскиот куп, интересно сите во оваа дисциплина, 
 
Со неа Ворли останува во трка за малиот „кристалниот глобус“ бидејќи сега има 28 бодови помалку од водечката Викторија Ребенсбург. 
 
Затоа пак Американката, Михаела Шифрин е далеку пред сите кога во прашање е севкупниот поредок во Светскиот куп во кој Шифрин има речиси двојно повеќе бодови од второ рангираната Ребенсбург.