Loading Video...
Спорт плус
12. September 2021 - 15:11

Прва победа на Бањаја во Мото ГП шампионатот

Италијанецот, Франческо Бањаја се радуваше на својата прва победа во кариерата во најсилната класа во Мото ГП шампионатот. 
 
Челнот на Дукати ја искористи пол-позицијата и од самиот почеток па се до крајот го идржа притисокот од конкуренцијата, па заслужено го освои првото место во трката за Големата награда на Арагон.
 
Зад него завршиja Шпанците, Марк Маркез од Репрол Хонда и Жоан Мор од тимот на Сузуки. 
 
Лидерот во Генералниот пласман  Фабио Квартараро од Јамаха трката ја заврши дури на осмото место, но Французинот ја задржа убедливата предноста во однос на останатите.
 
Сега втор во поредокот е денешниот победник Бањаја кој има 53 бодови помалку, додека  Жоан Мир кој е трет заостанува 57 бодови зад Квартараро.
 
Веќе следната недела на програмата е нова трка, а ќе се вози за Големата награда на Сан Марино.