Прва парламентарна средба во рамки на Жан Моне процесот
Во Охрид вечер почнува првата парламентарна средба во рамки на Жан Моне процесот инициран од тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.
Македонските народни избраници од сите пратенички групи, предводени од претседателот на Собранието Талат Џафери и тројцата, потпретседатели, ќе разговараат главно за прашања поврзани за Деловникот за работа на Парламентот, Етичкиот кодекс и буџетската независност. Но, пратениците кои ќе учествуваат на дводневниот состанок во Охрид велат дека не е исклучена можноста таму да се отворат и други прашања.
Официјално состанок ќе започне вечер со обраќања на тројцата европратеници. Иако се најавуваше можност, еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан, нема да допатува во Охрид туку ќе има видеообраќање. Разговорите се во текот на утрешниот ден, а треба да финишираат со вечера на која се поканети и лидерите на парламентарните политички партии премиерот и прв човек на СДСМ Зоран Заев, претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, на Алијансата на Албанците Зијадин Села и од Беса Билал Касами. Доколку се одржи би можело да биде првата средба на лидерите на овие партии, по денешните разговори на Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Самитот во Софија.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд