Македонија
29. јуни 2019 - 16:12

Прва Парада на гордоста во Скопје

Прва парада на гордоста во Скопје.. Со музика и знамиња во бои на виножито се парадираше по скопските улици.. Учесниците велат дека на овој начин ЛГБТИ луѓето бараат заштита и поддршка на човековите права..

Од паркот наспроти собрание до градскиот парк се движеше парадата „Скопје прајд“, обезбедувана од огромен број полицајци - ја набљудуваа случајните минувачи..

Поддршка за првата парада на гордоста пристигна од овогодиешниот учесник на Евровизија, американската амбасада, владини претставници..

Парадата ја поддржа и владата со објава на фејсбук, а преку социјалната мрежа претседателот Стево Пендаровски порача дека сексуалната орјентација и родовиот идентитет да не бидат основа за дискриминација..