Фудбал
25. October 2015 - 15:34

Прва МФЛ:Дербито за врвот без победник

Дербито за шампионскиот трофеј во домашното фудбалско првенство помеѓу Вардар и Шкендија заврши со резултат 0-0 со што шампионот ја задржа предноста од еден бод пред големиот ривал. 

Во Кочани Силекс пропушти победа откако при резултат 1-1 во 90-тата минута не реализира удар од белата точка. 
Значајна победа испушти и Работнички на гостувањето во Турново во судиското надополнување , додека на Чаир победникот го реши Гафури во 90-тата минута. 
РЕЗУЛТАТИ 11. КОЛО 
Вардар - Шкендија 0-0
Брегалница - Силекс 1-1
Х.Турново - Работнички 2-2
Ренова - Младост ЦД 1-0
Металург - Шкупи  0-1
 
ТАБЕЛА 
Вардар 27
Шкендија 26
Силекс 17
Шкупи 14
Младост ЦД 13
Работнички 12
Брегалница 12
Ренова 12
Турново 10
Металург 5