Фудбал
7. December 2015 - 14:38

Прва МФЛ: Вардар ќе го пречека Силекс во Велес

ФК Вардар на својата веб страница објави дека последниот дуел од есенското коло , 18-то по ред со ФК Силекс ќе го одигра во Велес на теренот со вештачка трева. 

Црвено-црните прво го имаа најавено теренот во Ѓорче Петров откако теренот на националната арена Филип  Втори  е со намален квалитет. 
Вардар има 5 бода на врвот од табелата пред Шкендија и  веќе ја обезбеди есенската титула. 
Средбите од последното коло во есенскиот дел во Првата МФЛ се играат во четврток во 13ч.