Фудбал
20. May 2018 - 18:36

Прва МФЛ: Вардар и Работнички во ЕЛ, Скопје и Пелистер второлигаши

Попладнево се одиграа дуелите од последното коло во домашното фудбалско првенство.

Со триумфот од 3-2 против Скопје фудбалерите на Работнички заедно со ФК Вардар ќе играат во Лига Европа додека Шкупи кое славеше против Вардар со 4-1 ќе го чека финалето на националниот куп и триумф на Шкендија за да го обезбеди европскиот настап како 4. Пласирана екипа.

Во Втората МФЛ по денешните порази во Тетово и на Филип Втори се селат Пелистер и Скопје додека ФК Победа која минимално го совлада тимот на Ренова ќе игра бараж за опстанок.

Во Струмица Силекс ја совлада домашната екипа А.Пандев со 1-2. Во Тетово Шкендија славеше убедливо против Пелистер со 4-0.

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА  36. Коло

А. Пандев – Силекс 1-2

Шкупи – Вардар 4-1

Работнички – Скопје 3-2

Шкендија – Пелистер 4-0

Победа – Ренова 1-0

ТАБЕЛА

1.Шкендија 91

2.Вардар 56

3. Работнички 52

4. Шкупи      51

5. Силекс     50

6. А.Пандев 42

7. Ренова 41

8. Победа 38

9. Скопје      35

10. Пелистер 34