Фудбал
10. November 2018 - 17:27

Прва МФЛ: Порази на екипите од градскиот парк

Екипите на Вардар и Работнички доживеаја порази во денешното 15-то прволигашко коло.

Во дербито на  Филип Втори, Работнички загуби од шампионот Шкендија со 1-2.  Емини и Мици беа стрелци за гостите додека израмнувачкиот погодок за „романтичарите“ беше дело на Пеев.

На Чаир Сержињо му донесе победа на Шкупи во дуелот со индиспонираниот Вардар.

Во Тетово Ренова ја совлада Победа со 2-1 иако гостите од Прилеп први поведоа со погодокот на Танушев. Стојановски и Гафури донесоа пресврт.

          Во Струмица Беласица загуби од Македонија ЃП со 1-4 додека во Кратово Силекс ја совлада А.Пандев со 1-0.