Loading Video...
Фудбал
16. March 2019 - 17:37

Прва МФЛ: Победи на водечките екипи

Попладнево се одиграа натпреварите од 23.прволигашко коло.

Лидерот Шкендија славеше со 1-0 пред својата публика во дербито со Работнички со голот на Жуниор.

Минамална победа забележа и Вардар кој во Маџари го пречека градскиот ривал Шкупи. Единствениот погодок го постигна Мицевски од пенал.

Пеналите беа решавачки и на средбата во Струмица каде Академија Пандев го совлада Силекс со 2-0.  Двапати од белата точка беше стрелец Дориев откако претходно главниот судија Марјан Ецкоски од Охрид престрого санкционираше во казнениот простор на Кратовци.