Фудбал
12. March 2017 - 16:09

Прва МФЛ: Победи на Силекс, Работнички и Шкупи

Дербито од 22. коло од Првата МФЛ му припадна на Работнички кој во Охрид минимално со 1-0 го совлада Пелистер и со тоа изби на 3. место на табелата. 

Во Кратово Силекс убедливо со 4-2 славеше против Македонија ЃП додека Шкупи во меч со пресврти се радуваше на победа од 3-2 против Ренова. 
Шкендија во Тетово убедливо со 4-0 го торпедира тимот на Победа.