Loading Video...
Фудбал
24. April 2019 - 19:03

Прва МФЛ: Изненадувачки порази на Шкендија и Работнички

Попладнево се одиграа натпреварите од 30-тото коло во домашното фудбалско првенство. Вардар забележа сигурна победа во Ѓорче Петров совладувајќи ја домашната Македонија со 2-0.

Во Струмица, Беласица му го нанесе еден од ретките порази на шампионскиот тим на Шкендија во годинешново првенство.  Домаќинот поведе по една мешаница пред голот на гостите  каде најдобро се снајде Пепи Ѓорѓиев.  Вториот гол за Беласица е ретко виден на домашните терени а го постигна гостинскиот дефанзивец Бејтулаи со прекрасен лоб-удар.

До крајот на средбата Шкендија успеа да постигне почесен погодок преку Шефити за конечни 2-1 за Струмичани.

            СЕнзационална победа оствари  Победа на гостувањето во Скопје . Гостите од Прилеп славеа со 2-1.  Вијачки го отвори резултатот за водство на Работнички кој потоа не реализира пенал за повисоко водство. Гостите тоа успеаја да го казнат со головите на Ефремов и Тимовски.

            Во Тетово минимална победа на Ренова во дуелот со Силекс од 1-0.   Решавачки се покажа погодокот на Миовски постигнат уште во 5. Минута од средбата. Гостите од Кратово имаа иницијатива  и во финишот постигнаа погодок кој беше поништен поради наводен офсајд.

            На Чаир  минимална победа на Шкупи од 1-0 против Академија Пандев. Единствениот погодок домашните го постигна Бесар Исени  со удар од далечина по лошата проценка на гостинскиот голман Чубраковиќ.