Loading Video...
Фудбал
8. May 2019 - 19:53

Прва МФЛ: Доминација на домашните екипи

Во денешното 33. коло во Првата МФЛ домашните екипи не дозволија цел плен за екипите кои гостуваа.

Значаен бод освои Силекс на гостувањето во Тетово против новиот шампион Шкендија во средба што заврши без голови 0-0. Кратовци ја имаа шансата за победа преку Ѓорѓиев во самиот финиш од средбата но Реџепи одбрани.

Скопската пресметка во Ѓорче Петров им припадна на фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров кои минимално со 1-0 ја совладаа екипата на Шкупи.  Победата дојде по убавата соло акција на Дејан Тантуровски во 30 –тата минута.

                Во Маџари  градското дерби помеѓу Вардар и Работнички заврши без победник 1-1.  Гостите први го отворија резултатот  со погодокот на Петар Петковски во 33. Минута.

                На спротивната страна Вардар ги искористи првите 5 минути во вториот дел и преку Мицевски успеа да израмни на 1-1 што беше и конечен резултат на оваа средба.

                Најинтересно беше во Струмица каде Ренова  по израмнувачките 1-1 во првиот дел успеа да поведе во 55 минута со голот на Кадриу.  Новото израмнување стигна на истекот на 90-те минути преку Милушев  и грубата грешка на гостинскиот голман Ѓуриќ.

                Победоносниот погодок Беласица го постигна во судиското надополнување а стрелец беше Пепи Ѓорѓиев.

ФУДБАЛ ПРВА МФЛ 33. Коло

Вардар – Работнички   1-1

Шкендија – Силекс       0-0

Беласица – Ренова        3-2

Македонија ЃП- Шкупи    1-0

А: Пандев- Победа        4-0