Фудбал
16. September 2018 - 19:04

Прва МФЛ: Доминација на домашните екипи

Фудбалерите на Вардар освоија цел плен во дуелот со Шкупи во меч со две различни полувремиња.

Гостите од Чаир по првиот дел реализираа  водство од 1-0  со првенецот на Сержињо засилувањето кое дојде од Работнички.

Во вториот дел Вардар го нападна голот на противникот и тоа резултираше со израмнувачкиот погодок на Лира исто така дебитантски погодок во Првата лига.

                Победата ја обезбеди дефанзивецот  Новак по што Вардар умешно ги одби сите напади на противникот.

                Во Струмица екипата на А. Пандев го доби дуелот со Силекс со  3-0.   Мрежите мируваа се до 61м. Кога главниот судија Ецковски од сомнително досуден пенал  му даде шанса на Дориев со прецизен удар да го отвори резултатот.   Во продолжението Илиев и Дориев го поставија конечниот резултат на средбата. Во Тетово Шкендија го торпедира Работнички со 6-2 додека Победа минимално го совлада тимот на Ренова. Единствено немаше голови на средбата во Ѓорче Петров каде играа Македонија и Беласица.

 

ФУДБАЛ ПРВА ЛИГА

ВАРДАР – ШКУПИ  2-1

ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 6-2

А.ПАНДЕВ – СИЛЕКС  3-0

ПОБЕДА – РЕНОВА 1-0

МАКЕДОНИЈА ЃП- БЕЛАСИЦА 0-0

ТАБЕЛА

  1. А. Пандев 12
  2. Шкендија 11
  3. Вардар 11
  4. Работнички 9
  5. Победа 9
  6. Силекс 5
  7. Ренова 4
  8. Македонија ЃП 3
  9. Шкупи 2
  10. Беласица 2