Кошарка
27. November 2016 - 10:35

Прва лига: Вардар го пречекува Пелистер

Последниот натпревар од Првата кошаркарска лига од 2.коло се игра денеска, а во СРЦ „Кале“ Вардар е домаќин на Пелситер. Почетокот на дуелот е во 14 часот.   
Кошаркарите на Работнички ја постигнаа втората победа откако синоќа на гостувањето ја совладаа Струмица. Во дербито на 2.коло Куманово го совлада Кожув, додека Фени Индустри ја потврди фаворитската улога против Охрид.
Резултати од 2.коло: Струмица – Работнички 68:85, Куманово – Кожув 89:86 и Фени Индустри – Охрид 100:64.