Кошарка
30. November 2016 - 9:03

Прва лига: Три натпревари од третото коло

Кошаркарските прволигаши денеска ќе го комплетираат третото коло кое стартуваше со вчерашниот дуел меѓу АВ Охрид и Куманово. Победа од 96:66 остварија кумановчани.
 
Во терминот од 18 часот играат Пелистер и Фени Индустри, додека од 18:30 во салата „Градски парк“ Работнички го пречекува Вардар.
 
Третиот денешен натпревар во Гевгелија го играат Кожув и Струмица со почеток во 19 часот.
 
Табела: Куманово 5 бода, Работнички 4, Фени Индустри 4, АВ Охрид 4, Пелистер 3, Струмица 3, Кожув 2, Вардар 2.