Фудбал
27. November 2016 - 15:44

Прва лига: Само Вардар победи во 16.коло

Лидерот на табелата и шампион Вардар со победата од 1:0 над Ренова и по нерешените резултати на другите натпревари од 16.коло ја зголеми бодовната предност во однос на конкурентите. Стрелец на единствениот гол на натпреварот Вардар – Ренова беше Дејан Блажевски во 77.минута.
Шкендија одигра нерешено 2:2 против Работнички, додека 1:1 заврши дуелот Шкупи – Брегалница. На два натпревара немаше голови: Силекс – Пелистер и Победа - Македонија ЃП.
Табела: Вардар 37 бодови, Шкендија 31, Пелистер 29, Работнички 24, Ренова 20, Силекс 20, Шкупи 16, Победа 15, Македонија ЃП 11, Брегалница 9.