Фудбал
19. March 2016 - 16:30

Прва лига: Победи за Вардар и Шкендија

Водечкиот тандем во Првата македонска фудбалска лига, екипите на Вардар и на Шкендија, остварија нови победи. „Црвено-црните“ од Скопје беа подобри од Металург, а екипата со иста боја на дресови, тимот на Шкендија од Тетово, го совлада Шкупи.
 
Резултати на натпреварите од 23.рунда во Првата македонска фудбалска лига:
 
Ренова – Брегалница 3:0,
Шкендија – Шкупи 3:1,
Силекс – Работнички 0:0,
Турново – Младост Царев Двор 3:1 и
Вардар – Металург 2:1.
 
 
Табела: Вардар 58 бода, Шкендија 53, Шкупи 34, Силекс 34, Работнички 33, Ренова 25, Турново 24, Брегалница 23, Младост ЦД 16, Металург 13.