-->
-->
Прва лига: Победа на Карпош Соколи над Работнички
-->
Лидерот Карпош Соколи убедливо со 87:64 го победи Работнички во дерби натпреварот од 7.коло во Првата македонска кошаркарска лига одигран вчеравечер во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
За Карпош Соколи ова беше шестата победа, а за Работнички трет пораз во серија.
Гостинот од „Градскиот парк“ без репрезентативецот Бојан Трајковски беше рамноправен ривал само во првото полувреме кое заврши со 40:35, а во продолжението се беше во знакот на домаќините. Клучната предност кошаркарите на Карпош Соколи ја обезбедија во третата четвртина која ја добија со 22:12.
Во редовите на Карпош Соколи најзаслужни за новиот успех беа Глен Дендриџ со 23 поени, Дарко Соколов со 14 и Филип Шепа со 13 поени.
Кај поразениот Работнички двоцифрен број на поени постигнаа Виктор Крстевски 15, Стојан Ѓуровски 13, Димитар Мираковски Андреј и Цветковски по 10 коша.
Во првиот меч од оваа рунда, Кожув на гости беше поуспешен од Куманово со 83:80.
Утре играат Струмица – Фени Индустри, а в среда Бест – МЗТ Скопје Аеродром.
Табела: Карпош Соколи 13 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 11, Кожув 11, Куманово 10, Работнички 10, Фени Индустри 9, Струмица 8 и Бест 6.
фото: www.basketball.org.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Средба на Народната банка и ЕБОР за новата Стратегија за земјава за 2025-2030 година
-
На Попова Шапка најстудено со - 5 степени, најмногу снег во Берово 22 сантиметри
-
Евробарометар: Мнозинството македонски граѓани имаат доверба во ЕУ
-
Џихадистите зазедоа уште еден град во северозападна Сирија
-
Усик ќе заработи 114 милиони долари за реванш со Фјури
-
Оклахома поуспешна од Лејкерс за четврта победа во низа
-
Ким: Русија има право на самоодбрана
-
Силна експлозија во каналот Ибар-Лепенец во северно Косово, прекинато водоснабдувањето во регионот на Митровица