Кошарка
26. November 2015 - 8:19

Прва лига: МЗТ Скопје подобар од дебитантот Бест

Кошаркарите на првакот МЗТ Скопје Аеродром според очекувањата синоќа постигнаа убедлива победа на гостувањето во Гевгелија во дуелот со дебитантот во Првата лига екипата на Бест. „Металците“ во последниот натпревар од 7.коло славеа со 109:81 (26:20; 28:15; 27:23 и 28:23). Со овој триумф МЗТ Скопје заедно со Карпош Соколи се лидери на табелата во Првата лига со по шест победи и еден пораз.
 
Најефикасни на дуелот беа Маринковиќ кај Бест со 30 поени и Дреновац кај МЗТ Скопје со 24.
 
Резултати од 7.коло: Бест – МЗТ Скопје Аеродром , Карпош Соколи – Работнички 87:64, Куманово – Кожув 80:83, Струмица – Фени Индустри 53:85.
 
Табела: МЗТ Скопје А. 6-1 (победи-порази), Карпош Соколи 6-1, Фени Индустри 4-3, Кожув 4-3, Куманово 3-4, Работнички 3-4, Струмица 2-5, Бест 0-7.