Кошарка
21. April 2016 - 9:54

Прва лига: Куманово подобар од МЗТ Скопје

Екипата на Куманово вторпат сезонава на домашен терен успева да постигна победа над шампионот МЗТ Скопје Аеродорм. Синоќа во натпревар од 27.коло кумановчани победија со 80:70. Најефикасен кај победникот беше Александар Костоски со 20 поени, а на дуелот Марко Љубичиќ со 24.
 
На другите дуели од оваа рунда Карпош Соколи со триумфот над Фени Индустри со 92:70 го потврди второто место во плеј офот. Кожув во дуелот на екипите од Гевгелија го совлада Бест со 84:49, а Работнички победи на гостувањето кај Струмица со 83:63.
 
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 51 бод, Карпош Соколи 47, Куманово 46, Фени Индустри 44, Кожув 39, Работнички 38, Струмица 32, Бест 27.