-->
-->
Прва лига: Кожув му гостува на првакот МЗТ Скопје
-->
Со дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Кожув што се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде комплетирано 3.коло од Првата кошаркарска лига. Шампионот МЗТ Скопје е во серија успешни резултати во АБА лигата и со триумф над Кожув посакува да го заборави поразот од Куманово во домашната лига. За гевгеличани триумф ќе биде знак дека излегуваат од кризата по поразите во БИБЛ лигата и неуспехот на домашен терен со Фени Индустри.
Инаку, синоќа се одигра и дуелот во Гевгелија меѓу Бест и Струмица, на кој победа од 91:68 остварија гостите. До првиот триумф во лигата струмичани беа предводени од искусните Димче Тасовски и Ефим Богоев, кои постигнаа 21 односно 20 поени.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Карпош Соколи – Куманово 90:83 и Фени Индустри – Работнички 79:82.
Табела: Карпош Соколи 3-0 (победи-порази), Фени Индустри 2-1, Работнички 2-1, Куманово 1-2, МЗТ Скопје 1-1, Кожув 1-1, Струмица 1-2, Бест 0-3.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок