Кошарка
27. March 2016 - 11:18

Прва лига: Комплетирано 22.коло

Кошаркарите на Куманово со убедливи 98:67 на свој терен го совалдаа Работнички во последниот натпревар од 22.коло од Првата кошаркарска лига на Македонија.
 
На вториот дуел одигран вчеравечер Карпош Соколи како гостин ја победи Струмица со 115:71.
 
Претходно Фени Индустри го победи Кожув во Гевгелија со 87:72, додека МЗТ Скопје беше убедлив во дуелот со последно пласираниот Бест со 89:51.
 
Табела: МЗТ Скопје Аеродорм 20-2 (победи-порази), Карпош Соколи 16-6, Куманово 18-7, Фени Индустри 14-8, Кожув 10-12, Работнички 9-13, Струмица 4-18, Бест 0-22.