Кошарка
3. November 2015 - 12:51

Прва лига: Карпош Соколи гостува на Кожув

Во единствениот денешен натпревар од 4.коло на Првата македонска кошаркарска лига во Гевгелија од 20 часот Кожув ќе биде домаќин на Карпош Соколи.
Гостите од Скопје се со максимален ефект по трите рунди и се лидери на табелата, додека гевгеличани веќе имаа два пораза и се во обид да стигнат до половичен ефект.
 
Претходно се одиграа два дуела од 4.коло:
Работнички – Струмица 88:68,
Куманово – Бест 88:74.
 
Колото ќе биде комплетирано утре со средбата Фени Индустри – МЗТ Скопје Аеродром.
 
Табела: Работнички 7 бодови (4 натпревари), Карпош Соколи 6 (3), Куманово 6 (4), МЗТ Скопје Аеродром 5 (3), Фени Индустри 5 (3), Струмица 5 (4), Кожув 4 (3) и Бест 4 (4).