Кошарка
26. December 2015 - 12:47

Прва лига: Фени Индустри домаќин на Карпош Соколи

Кошаркарите на Фени Индустри и на Карпош Соколи попладнево во Кавадарци ќе одиграат натпревар од 12.коло од Првата лига. Кавардарчани се наоѓаат на 5.место на табелата, додека Карпош Соколи со натпревар повеќе од МЗТ Скопје е лидер на табелата. Почетокот на дуелот е во 18 часот, а се игра во спортската сала „Јасмин“.

На двата досега одиграни натпревари од ова коло: Куманово - Струмица 94:53 и Кожув - Бест 82:69.
Последниот натпревар од оваа рунда меѓу Работнички и МЗТ Скопје се игра на 30.декември.
Табела: Карпош Соколи 20 бодови, МЗТ Скопје 19, Куманово 19, Кожув 18, Фени Индустри 16, Работнички 16, Струмица 15, Бест 12.