Кошарка
12. November 2015 - 23:47

Прва лига: Дербито за првакот МЗТ Скопје

МЗТ Скопје триумфираше над Работнички со резултат 90:85 во првото сезонско „вечно“ дерби во кошаркарскиот шампионат. МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога и го контролираше резултатот во текот на сите 40 минути.
По четвртини, МЗТ ги доби првите три со резултат 31:23, 21:19 и 20:15, а Работничи ја доби само последната четвртина со резултат 28:18.
 
Ѓорѓе Дреновац со 25 поени, 7 скокови и 4 асистенции беше најдобар во составот нај МЗТ Скопје, пред Дамјан Стојановски со 14, Мијатовиќ со 13, а Буниќ и Љубичиќ постигнаа по 12 поени.
 
Кај Работнички беа најистакнати беа, Јане Петровски со 22 поени и Мираковски со 21 поен и 8 асистенции, Ѓуроски постигнаа 15, а Трајковски 13 поени.
 
Ова беше последниот дуел од 5. коло од Првата кошаркарска лига, а на табелата води Карпош Соколи пред МЗТ Скопје и Работнички на третата позиција.